Лиценциран психолог објаснува кои се знаците дека поседувате емоционална интелигенција + (ТЕСТ ЗА САМОПРОВЕРКА)
Емоционалната интелегенција е мека вештина којашто сѐ повеќе се бара од страна на работодавачите. За неа е пишувано многу пати, но јас решив да консултирам психолог кој ќе објасни кои се знаците дека поседувате емоционална интелигенција.
Емоционалната интелигенција е дефинирана психолошка способност
Емоционалната интелигенција (EQ) не е нејасна или апстракна особина, туку јасно дефинирана психолошка способност што опфаќа препознавање, разбирање и регулирање на сопствените емоции, како и согледување и соодветно реагирање на емоциите кај другите, објасни мојата соговорничка, Ирена Алексова, лиценциран психолог и консултант за човечки ресурси.
„Концептот првично е формулиран од психолозите John D. Mayer и Peter Salovey, а подоцна е популаризиран од Daniel Goleman. Емоционалната интелигенција најлесно се препознава преку тоа како човек се однесува кон сопствените емоции и кон луѓето околу себе. Лице со развиен EQ не ги потиснува чувстватата, ниту дозвлува тие целосно да го конторлираат, туку ги препознава, именува и ги изразува на начин што не повредува“, вели Алексова.
Наместо имплусивни реакции, постои кратка пауза во која човекот избира како ќе постапи, посочува Алекосва.
„Во секојдневни ситуации тоа значи да знаеш да кажеш „ме повреди тоа“, наместо да нападнеш, да преземеш одговорност кога ќе згрешиш и да не го браниш егото по секоја цена. Оваа способност за саморегулација и искреност создава внатрешна стабилност и помалку внатрешни конфликти“, додаде Алекосва.
Емоционалната интелигенција се гледа во односите со другите
Емоционалната интелигенција, вели Алексова, се гледа и во квалитетот на односите со другите.
„Луѓето со повисок EQ имаат развиена емпатија, умеат да слушаат без веднаш да осудуваат или да даваат решенија, и навистина се обидуваат да ја разберат туѓата перспектива. Тие поставуваат здрави граници, но и одржуваат блискост без драма и манипулација. Психолошките истражувања покажуваат дека овие вештини се директно повразни со подобра менталната благосостојба и поквалитетни односи (на пример, истражувањата на John D. Mayer и Peter Salovey).
Доколку некој сака подлабоко да се запознае себеси и да ја развива оваа способност, Алексова ги препорачува книгите Emotional Literacy: Intelligence with a Heart од Claude Steiner и Emotional Intelligence од Daniel Goleman, кои нудат практични и применливи насоки за подобро разбирање и користење на емоциите.
Тест за самопроценка, изработен врз основа на литературата предложена за читање
Алексова во прилог споделува и тест преку кој можете да дознаете колкаво е вашето ниво на емоционална интелигенција. Подолу ги имате и критериумите за оценување.
ТЕСТ ЗА ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
Тестот ги опфаќа клучните аспекти на емоционалното функционирање, вклучувајќи самосвесност, саморегулација, внатрешна мотивација, емпатија, социјални вештини и т.н. „срцева“ интелигенција – односно способноста за поврзаност со сопствените вредности, интуиција и внатрешни доживувања.
Целта на инструментот не е да даде дијагностичка проценка, туку да поттикне лична рефлексија и подобро разбирање на сопствените емоционални процеси, како основа за понатамошен личен и професионален развој.
Оценувајте од 1 до 5
(1 = воопшто не, 5 = целосно да)
1. Самосвесност
- Јасно знам што чувствувам
- Знам зошто го чувствувам тоа
- Забележувам промени во расположение
2. Саморегулација
- Не реагирам импулсивно
- Можам да се смирам
- Размислувам пред да реагирам
3. Мотивација
- Не се откажувам лесно
- Имам дисциплина
- Продолжувам и кога е тешко
4. Емпатија
- Ги разбирам другите
- Препознавам туѓи емоции
- Слушам без да осудувам
5. Социјални вештини
- Добро комуницирам
- Се снаоѓам во конфликт
- Луѓето ми веруваат
6. „Срцева“ интелигенција
- Го слушам внатрешниот глас
- Чувствувам кога нешто не е во ред
- Носам одлуки според вредности
- Се чувствувам поврзан/а со себе
ОЦЕНУВАЊЕ
Собери ги сите напишани поени.
- 110 – 130 → многу високо ниво
- 85 – 109 → добро ниво
- 60 – 84 → просечно ниво
- под 60 → ниско ниво
РЕЗУЛТАТИ
- Повисок резултат = подобра контрола, свесност и разбирање на емоции
- Понизок резултат = повеќе импулсивност, конфузија или тешкотии со емоции
- Ако имаш големи разлики меѓу делови → тоа покажува каде најмногу треба да работиш

