МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Македонските работници во Хрватска ќе ги имаат истите права како нивните хрватски колеги

Синдикатот за угостителство и туризам денеска одржа презентација пред група на работници за нивните работнички во Хрватска. Презентацијата ја водеа Претседателот на синдикатот, Роберт Митровски и потпретседателот Сашко Папулев. 

Притоа, беше нагласена и предноста којашто ја добиваат преку Спогодбата склучена помеѓу Синдикатот за угостителство и туризам на Македонија и Синдикатот за туризам и услуги на Хрватска. 

На презентацијата беше истакното дека угостителските работници од Македонија ќе ги уживаат истите права како и хрватските работници. Тие ќе бидат и заштитени со колективните договори коишто ги има склучено хрватскиот синдикат со работодавачите. 

Македонските работници во Хрватска ќе работат само во компании со кои тамошниот синдикат има склучено колективни договори.