ПравдаСветот на работникот

Кочовски: Со градоначалникот на Велес разменивме ставови околу работниците

Фејсбук статус на Бобан Кочовски, Претседател на Движењето за социјална правда “Обединети Работници”:

За прв пат Општина Велес има слух за проблемите на работниците во Велес и велешко!

Имено, вчера со градоначалникот на Општина Велес – Marko Kolev, одржавме кратка средба на која што дискутиравме за проблемите со кои што се соочуваат работниците во Велес, како и со проблемите на социјално загрозените лица.

Согласни сме дека во овој домен има многу што да се сработи, па разменивме мислења околу некои насоки на делување за да помогнеме на што е можно поголем број на наши сограѓани, а особено во делот на:

– заложби при проблеми од работен однос
– олеснувања за самохраните родители
– надградба на социјалните пакети за најсиромашните
– други мерки

Ме радува фактот што Колев е народен човек, од работничка фамилија, па без никаков проблем ги прифати сугестиите и предлозите, нешто што е реткост кај функционерите од било која политичка позадина.

Остар сум за критика каде што околностите наложуваат за такво нешто, но фер и чесно е да пофалам кога постојат знаци за нешто позитивно.

Се надевам дека ваквата средба ќе прерасне во нешто поголемо, за конечно Велес да започне да испаѓа од сивилото кое го гуши веќе со децении.