МЗЗПР организира семинар за проценка на ризикот од Ковид – 19 на работното место
Македонското здружение за заштита при работа – МЗЗПР, во рамките на оперативната програма „Обезбедување на усогласеност со европските стандарди за добри практики за безбедност и здравје при работа за работодавачите работниците“ денеска (17) и утре (18) септември организира семинар за процена на ризик на работното место при изложеност на Ковид – 19.
На семинарот присуствуваат инженери за заштита при работа, претставници од синдикатите и доктори од медицина на трудот.
Повеќе детали по завршувањето на семинарот.

