ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Минималната плата многу ги демотивира добрите работници, вели Димитров од Организацијата на работодавачите

„Факт е дека самата суштина на минимална плата е платата на најниско платените. Таа не е присутна во сите гранки. Во трговијата, во банките, осигурителни компании, нема никакви проблеми со минималната плата. Проблемот е во трудовите дејности. Иако тука велат дека најниската плата е кај заштитарите, главниот проблем е кај производство на текстил, облека, кожарска индустрија“, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.

Тој во вечерашното издание на емисијата „24 анализа“ рече дека последната измена на Законот за минимална плата не дала резултати.

„Така беше конципиран Законот. Не е применлива мерката за субвенции за плати. Мерката не знам за кого беше насочена, за скоро никој не може да се практикува. Минималната плата прави голема демотивација на добрите работници. Во приватниот сектор тоа е уште поизразено. Доаѓате во ситуации каде работници кои имаат учинок од 40-50% да земаат иста плата со оној што има 80 или 90%. Добриот работник вика зошто јас да работам кога овој до мене не работи ништо, а зема како мене, рече Димитров во емисијата „24 анализа“.