Можеби ве набљудуваат додека работите од дома: 80 % од работодавачите користат софтвер за шпионирање
Според едно истражување, 78 % од работодавачите користат софтвер за шпионирање на вработените, пишува Enterprenuer. И истражувањето, но и здравата логика, покажуваат дека ваквата пракса повеќе шетети, отколку што прави добро за работата.
Имено, работата од дома, која е тука да остане, ги охрабрила работодавачите да развијат технологија за надзор. 83 % од работодавачите знаат дека тоа етички погршено, но повторно тераат по свое.
Многу компании имаат добри оправдувања за специфичните пракси на следење на безбедноста и усогласеноста, но не би требало вистинската цел да ја кријат зад спречувањето на прекршувањето на правилата за заштита на податоци.
Имено, лидерите се загрижени за продуктивноста на своите работници, а 85 % од нив го обвинуваат хибридниот модел на работа, иако 87 % од вработените сметаат дека се попродуктивни кога работат од дома.
Како изгледа, да не кажаме, „шпионирањето на вработените“?
На пример, овие софтвери прават скриншотови во текот на работното време, го следат логирањето и кликањето, го анализираат учеството и должината на пораката и го следат користењето на веб страните.
Се со цел мерење, заштита и (менаџерите се надеваат) зголемување на продуктивноста на работниците.
Како што наведува веб страната, ниеден од овие „упади“ не ја мери вистинската продуктивност, како што се резултатите, квалитетот на работата и постигнувањето на целите.
Дури 43 % од работниците на далечина чувствуваат дека надзорот од страна на работодавачот ја нарушува нивната доверба, 59 % чувствуваат анксиозност, 26 % незадовлство и 28 % сметаат дека не се доволно ценети.
Вработените кои се следат од страна на работодавачите имаат двојно поголема шанса да ја лажираат работата и во просек да поминуваат повеќе од еден час на мрежите за да бидат видени од колегите и менаџерите.
Речиси 60 % од вработените во ИТ секторот рекле дека би ја одбиле работата доколку истата е „набљудувана“.
Извор: Telegraf.biznis.rs
Фото: Canva

