НовостиПравдаСветот на работникот

Наместо поради истекување на договорите за работа, им дале отказ поради кршење на ред и дисциплина

   Време за читање 1 минута

Има многу работнички коишто биле на договори на определено работно време, во времетраење од три, два или еден месец, рече Претседателката на Здружението на текстилни работници “Гласен Текстилец”, Кристина Ампева во изјава за телевизија Стар, зборувајќи за 100-те отпуштени работнички од текстилната фабрика Баргала.

Таа посочи дека на работничките коишто се на такви договори, не им се дава анекс за продолжување на договорот.

“Не треба отказот да се даде поради кршење на ред и дисциплина, туку поради истекување на договорите за вработување, за да работничките можат да се пријават во Агенцијата за вработување”, вели Ампева. 

Баргала – Работник

На прашањето зошто отказите поради кршење на ред и дисциплина се лоши за работничките, Ампева посочи дека нема да можат да земат надоместоци од Агенцијата, а воедно и дека ќе го изгубат здравственото осигурување.

Гласен Текстилец испратил претставка до Државниот инспекторат за труд за да биде сменет основот за давањето на отказите на работничките, пренесе ТВ Стар.

Од Гласен Текстилец на фејсбук страната објавија дека досега неколку работнички имаат поведено судски постапки преку Здружението Гласен Текстилец против АД Баргала поради откази за кршење на ред и дисциплина, и во овој момент имаме добиено судски спор за овој случај каде Основен суд од Штип го усвои тужбеното барање на работничката и е констатирано дека дадениот отказ е незаконит и е наложено истата да се врати на работа.