Наставата ќе се одвива онлајн, освен од 1 до 3 одделение
МОН ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за продолжување на образовниот процес од септември. Децата од 1 до 3 одделение наставата ќе следат со физичко присуство, а другите ќе учат онлајн. Настава со физичко присуство ќе биде можна и во општини со мал број на ученици и паралелки.
Наставата во новата учебна година ќе се одвива онлајн со два исклучоци, најавија денеска министрите за здравство и за образование, Венко Филипче и Арбр Адеми на прес-конференција во Владата. Првиот исклучок се однесува на настава со физичко присуство на учениците од прво до трето одделение, но со претходна согласност на нивните родители. Доколку согласност не биде обезбедена и за овие ученици наставата ќе се одвива онлајн. Вториот исклучок се однесува на настава со физичко присуство во општините каде има мал број на ученици или малку паралелки, исто така со претходна согласност од родителите и од надлежните институции.
Повеќе прочитајте на Р.С Европа

