Неделков: Се вршат жестоки пристисоци врз вработените во градинките – Кривичниот законик предвидува затворска казна за оние кои го попречуваат штрајкот
Претседателот на СОНК на неговиот Фејбук профил објави дека започнале да се вршат жестоки притисоци врз вработените во градниките кои ќе штрајкуваат од понеделник.
Вработените во детските градинки се под голем притисок од страна на директорите на установите, кои бараат списоци на штрајкувачи, ги заплашуваат со заменски работници, заплашување со откази, казни и т.н. а поттикнати од испратеното писмо од МТСП до нив, “разбирливо”, без потпис и печат.Почитувани колешки и колеги,Ве охрабрувам да не подлегнувате на притисоци и закани и ве поттикнувам да ги пријавувате таквите ситуации. Правниот застапник на СОНК ќе постапува по однос на вашите преставки и ќе следуваат кривични прикави кон оние кои се обидуват да го попречат штрајкот. Кривичниот законик предвидува и затворска казна за таков прекршок, наведе Неделков.
Latest posts by Редакција (see all)
- Стелантис затвори 10.000 работни места во Италија - 01/10/2025
- Пензионерскиот синдикат го честита Меѓународниот ден на постари лица - 01/10/2025
- Ексон Мобил отпушта 2.000 работници низ светот - 01/10/2025