ВИДЕО| „Членството е револтирано“ – Дали гранските синдикати при КСС ќе се приклучат на штрајковите?
Гранските синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати кои на 30 март излегоа на протест се крајно разочарани и се чувствуваат и манипулирани и потценети од односот на Владата кон вработените во дејностите кои ги застапуваат, рече Претседателот на КСС Благоја Ралповски на денешната прес – конференција.
Вчера дознавме дека Законот за административни службеници, онаков каков што сакаат да го донесат на еден понижувачки начин е поднесен по скратена постапка во Собранието. Тој Закон не носи ништо добро, само 100 до 200 денари покачување на платите на вработените во јавниот сектор и со тоа продолжува манипулацијата, а кажавме дека решението е едноставно, вели Ралповски.
Тој го цитираше членот 88 од Законот за административни службеници кој вели дека вредноста на бодот на државните службеници се утврдува секоја година со одлука на Владата на Република Македонија, по предлог на Министерот за финансии. Вреднста на бодот за пресметување на платата во општините, градот Скопје, општините во градот Скопје се утврдува се утврдува секоја година со одлука од Советот. Тој додаде дека вредноста на бодот на јавните службеници се утврдува секоја година со одлука на основачот со предлог на надлежниот функционер.
Го наведе и Ставот 4 од овој член, кој гласи: вредноста на бодот од овие два става на овој член не може да биде повисока од вредноста на бодот од ставот 1 на овој член.
Поради ова, вели Ралповски, манипулацијата е голема. Се манипулира со 5,6,10 илјади работници, а се работи за 100 илјди работници коишто не можат да земат повисока плата доколку Владата не донесе одлука за да се зголеми бодот.
Тој ги повика сите пратеници да застанат на страната на работниците и да ја сопрат оваа манипулација и потценување на работниците во јавниот сектор, да застанат од нивна страна и да го дигнат гласот и да не дозволат „еден ваков потценувачки закон да помине во Собрание“.
Посочи дека членството е ревлтирано оти мартовската плата се исплаќа по старо. Луѓето повторно земаат плати под минималната плата – „ги земаат оние мизерни плати социјална помош“. Членовите, вели, бараат радикализацијата, а тоа може да се забележи по анкетите коишто ги направиле. Порача дека наскоро ќе пристапат кон преземање на порадикални синдикални мерки.
Ралповски посочи и дека побарале да остварат состанок со синдикатот на УПОЗ, но од таму им одговориле дека немаат време за состанок, поради обврски. Рече и дека не му е јасно дали УПОЗ ќе прави протест или ќе штрајкува.

