Нервозни угостители нападнале инспектори од УЈП во Коњско кај Охрид
Драма се случувала во угостителски објект во Долно Коњско во близина на Охрид. Тројца вработени заработија кривични пријави бидејќи на инспектори на УЈП им одзеле службени документи.
Службените лица од УЈП вршеле инспекциски надзор во угостителски објект на ул.„Партизанска“, при што констатирале прекршок сега пријавените им ги одзеле службените документи на службените лица и ги нападнале, а записникот и платниот налог ги искинале, потврдуваат од полицијата.

