Нов закон за работни односи, идна реалност или неостварена мечта?
НОВ ЗАКОН ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ, ИДНА РЕАЛНОСТ ИЛИ НЕОСТВАРЕНА МЕЧТА?
Законот за работните односи уредува исклучително важна правна и општествена област. Релативизирањето на трудот и работните односи во минатото создадоа атмосфера за чести злоупотреби и непочитување на законските одредби. За тоа придонесоа и самите актуелни законски одредби, кои донесени уште во 2005 година, а кои претрпеа повеќе од 20-на измени, дополни и укинувања, се нејасни, контрадикторни и недоречени во многу нешта.
На Македонија потребен и е нов закон од областа на трудот кој на адекватен начин ќе ги уреди трудовите односи во државата. За таа цел неопходно е вклучување на сите актери од социјалниот дијалог, но и експертската јавност, судството и инспекторатот. Искрено се надевам дека во периодот кој што следи ќе успееме да донесеме закон по Македонска мера, кој ќе ги штити правата на работниците и ќе отвара можност за развој на бизнисите, а истовремено ќе биде јасен и едноставен за примена и за судење, пишува проф. д-р Лазар Јовевски во статусот на фејсбук.


