ЕкономијаМакедонија

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на „Македонија 2025

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“.

На отворањето на самитот воведни обраќања ќе имаат и претседавачот на Одборот на директори на „Македонија 2025“, Виктор Мизо, коосновачот на организацијата Мајк Зафировски и извршната директорка Никица Мојсоска-Блажевска.

Самитот обединува голем број домашни и меѓународни лидери, претставници на бизнис-заедницата, институции и експерти, а во фокусот ќе бидат економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и улогата на дијаспората во развојот на Македонија.