Останато

Оваа девојка била одбиена за работа: Дали би ја вработиле?

Дваесетгодишната Еш Патнам аплицирала за работа во познатиот американски ланец на продавници. Бидејќи добила автоматски генерирано одбивање по пат на електронска пошта во која не била наведена причината поради која било одлучено дека не била добар кандидат за позицијата, Еш одлучила лично да се соочи со менаџерот на продавницата за да добие јасен одговор.

Во видеото кое оваа девојка го споделила на социјалните мрежи, чие чело и слепоочници се истетовирани и има пирсови на носот и усните, навела дека смета оти е одбиена поради нејзиниот изглед и дека не разбира како младите да најдат работа кога ги одбиваат за обични, почетни работни позиции.

Иако менаџерот на продавницата ѝ рекол дека била одбиена поради тоа што нема доволно искуство, Еш и понатаму смета дека пресуден фактор бил нејзиниот изглед и мноштвото тетоважи кои не ѝ го покриваат само лицето, туку и вратот, деколтето и рацете.

На нејзиниот Инстаграм профил стои и дека е на Only Fans, а има и експлицитни фотографии на профилот, па останува недоречено дали тоа можеби е причината поради која не ја добила работата.

„Го мразам тоа што моите тетоважи се голем одлучувачки фактор за тоа дали ќе добијам работа или не. Само затоа што имам тетоважи не значи дека нема да бидам добар работник“, рекла во видеото, пренел Њујорк пост.

Речиси третина од Американците имаат тетоважи, пренел Форбс. Според истражувањето на Пју Рисерч Центар кое го пренел Форбс, тетовирањето станало толку популарно што се очекува до 2030 година заработката на во оваа индустрија да достигне до 3,9 милијарди долари.

Глобалниот пазар на тетовирање бил проценет на 1,89 милијарди долари во 2022 година и се очекува дека ќе порасне на 2 милијарди оваа година, пренесува Фортун Бизнис Инсајтс.

Од друга страна, Елајд Маркет Рисерч предвидува дека глобалната индустрија за отстранување на тетоважи која била проценета на 478 милиони долари во 2019, ќе вреди дури 796 милиони долари до 2027 година.

Правниот журнал на универзитетот Принстон се посветил на дискриминацијата на работните места поради тетоважите. Дошле до заклучок дека, според сегашното законодавство, на работодавачите им е дозволено да ги користат тетоважите како основа за одбивање на кандидатот, а можат да бараат од него да ги покрие своите тетоважи додека е на работа.

Извор: Telegraf Biznis.rs

Фото: Shutterstock, Instagram/Ash Putnam