Ова е најплатената работа која воедно има мало ниво на стрес
На самиот врв на листата на најдобро платени работни места со ниско ниво на стрес се нашла стоматологијата, покажало истражувањето на американската медиумска куќа US News & World Report.
Иако оваа професија не се нашла на прво место во листата на најплатени професии, во категоријата на годишни примања и ниво на стрес ја однела победата.
Имено, според нивното истражување вработените во оваа професија во САД, во просек примаат годишна плата од 225,760 долари.
Како што наведува Маркет Вач, причината за тоа лежи во добрата организација на дневниот распоред. Имено, како и во поголемиот дел на медицински области, точниот дневен распоред е познат и неколку дена однапред што во голем дел го намалува создавањето на стресот.
Со тоа, на намалувањето на стресот позитивно влијае и фактот дека стоматолзите во просек имаат многу мал број на итни интервенции.
Инаку, во анализата на US News & World Report вклуени се 187 високо платени професии, а со стоматологијата, на листата на најмалку стресни професии, можност за напредување и добар баланс помеѓу приватниот и работниот живот влегле и програмерите, статистичарите, логопедите, ветеринарите, како и дел од медицинските работници.

