Овие 4 вештини ќе го воодушеват секој работодавач
Ирската веб страна за понуда и побарувачка на работа, Jobs.ie, открива кои вештини кај работникот ги цени речиси секој работодавач.
Не би било лошо да ги примените, ако сакате да постигнете успех на идното работно место, односно разговорот за работа.
На прво место е мотивираноста, за која главниот менаџер на Jobs.ie, Кристофер Паје тврди дека е многу важна. „Кога работодавачот ќе види дека сте мотивирани за работа, има поголеми шанси да ве вработи“, вели тој.
Во периодот на пандемијата се покажало колку вработени ја ценат флексибилноста, иако некоја друга насока во однос на шефовите. Но, ако најдете компромис, потрудете се да и вие им излезете на надредените и колегите во пресрет.
Ако релативно лесно се прилагодувате на промени во фирмата, на работниот распоред и задачите, тоа секако е голем плус.
Посветеноста на деталите е вештина на која многумина ја немаат.
Додека се трудат да ги „одработат“ главните делови на некоја работа, на работниците често им бегаат делови кои можат да бидат и тоа како значајни. Искусните шефови тоа умеат да го ценат. Паје вели дека важно е да се започне од самото пишување на работната биографија: „Ако видам дека CV е полно со граматички грешки, веднаш го фрлам, без оглед на сето останато“, вели тој.
Исто така, секој работодавач, несомнено, сака работник кој е отворен, комуникативен, соработилив, добар тимски играч. Се е тоа дел од т.н. социјална интелегенција. Потребно е да се знае да се поврзе со луѓето и да се градат добри односи.
Без разлика колку и да сте добри во вашата работа, ако имате лошо однос или едноставно, „не умеете со луѓето“, нема да бидете конкурентни.
Извор: Telegraf Biznis. rs
Фото: Shutterstock

