ЕкономијаСветот на работникот

Официјално: Над 10.000 Македонци лани работеле како странци во Хрватска

Минатата година најголем број дозволи за престој и работа во Хрватска се издадени на државјани на Босна и Херцеговина (36.783), Србија (19.176), Непал (12.222), Македонија (10.053), Косово (8.979), Индија (7.690), Филипини (5.935) и Бангладеш (4.381), Албанија (4257) и Турција (3653), објави Вечерни лист.

Дури 124.121 дозволи за престој и работа лани се издадени на странски работници до 31 декември, информираат од МВР, 79.458 одобренија за нови вработувања, 27.827 за продолжување, и 16.836 за сезонски работници.

Најмногу странци се вработени во градежништвото (53.772), и туризмот и угостителството (32.306), а просечната бруто-плата на странските работници според податоците на хрватската служба за вработување била од 685 евра за чистачи, пекари и градежни работници. до највисоките плати од 840 за готвачи.

Извор: faktor.mk

Фото: Shutterstock, Marko Jovanović