Пилотите на Луфтханза штрајкуваат, се очекуваат големи нарушувања во авиосообраќајот
Авијатичарите на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ вчера се изјаснија за стапување во штрајк, што се очекува да предизвика сериозни проблеми за патниците.
Според официјалните информации, во гласањето учествувале 90 проценти од пилотите на „Луфтханза“ и 95 проценти од пилотите на товарниот сектор на оваа компанија, а меѓу нив 88 проценти од пилотите во комерцијалниот дел и 96 проценти од карго превозот гласале за започнување штрајк.
Точен датум за почеток на штрајкот сеуште не е соопштен. Примарната причина за несогласувањето се пензиите за приближно 4,800 пилоти. Синдикатот бара зголемени уплати од работодавачите во пензискиот систем на компанијата, бидејќи од реформата во 2017 година, нивното ниво е намалено поради ниските каматни стапки.
„Луфтханза“ ги отфрла овие барања како неодржливи и наведува дека во моментот нема доволно средства за зголемување на придонесите, пренесува „Тагешау“.
Патниците треба да се подготват за значителни пречки за време на претстојниот штрајк. „Луфтханза“ беше принудена да ги откаже речиси сите свои летови за време на претходните големи протести.
Протестот се случува во време кога авиокомпанијата спроведува програма за реструктуирање. Вчера беше објавено дека компанијата до 2030 година ќе укине околу 4,000 административни работни места, додека оперативниот сектор ќе остане во голема мера непроменет. Овие мерки дополнително ги отежнуваат преговорите и создаваат напнатост меѓу вработените.
- Стелантис затвори 10.000 работни места во Италија - 01/10/2025
- Пензионерскиот синдикат го честита Меѓународниот ден на постари лица - 01/10/2025
- Ексон Мобил отпушта 2.000 работници низ светот - 01/10/2025