Побегнала од земјата и се преселила во „рајот на земјата“ каде живее со 350 евра месечно: „Ручекот е 1 евро, а станот со базен е многу ефтин“
Додека глобалната инфлација немилосрдно ја голта заштедата, една азиска дестинација станала вистински рај за оние кои бараат луксуз по значајно пониска цена.
Во време кога растечките цени на сместување и секојдневните потрепштини станале голобален проблем, многумина сонуваат за живот на место каде што парите помалку го одредуваат квалитетот на живот. За Британката Кејси тој сон станал јаве. Уморна од сивилата и високите трошоци за живот во Ланкашир, ги спакувала куферите и пред една година се преселила во Виетнам, земјата на сонцето, фантастичната храна и, што е најважно, многу ниските трошоци на живот, пишува „Večernji list“.
Во видео на Тикток кое станало вирално открила неверојатна информација: Во Виетнам е можно пристојно да се живее со буџет од околу 350 евра месечно, што е сума која во Велика Британија би покрила само мал дел од месечните трошоци. Нејзиното искуство воодушевило милиони луѓе кои сега сериозно размислуваат да преземат сличен потег.
Кејси се преселила во Да Нанг, живописен крајбрежен град познат по преубавите песочни плажи и опуштената атмосфера. Иако признала дека ја избрала поскапата опција, со момчето изнајмила стан со базен за 580 евра месечно. Бидејќи го делат трошокот, секој од нив плаќа по 290 евра.
Сепак, нагласува дека во истиот крај може да се пронајде сместување за околу 175 евра месечно.
„Ова место е рај“, рекла покажувајќи го погледот од својот балкон и споделила важен совет за сите кои планираат преселба:
„Немојте да барате сместување преку Airbnb, користете Facebook Marketplace, бидејќи таму можете да изнајмите стан за половина цена.“
Освен сместување, многумина најмногу се изненадени од цените на храната. Кејси тврди дека комплетен оброк на традиционална виетнамска храна може да се изеде за нешто повеќе од едно евро. За тие пари можно е да се ужива во топло pho, познати супи со нудли, или вкусен banh mi сендвич.
Ако сакате западнњачка храна, оброкот ќе ве чини околу 4 евра.
Со едно евро во џеб во Виетнам може да се купат и четири чаши локално точено пиво „bia hoi“, свеж кокос директно од уличните тезги или неколку порции на грицки со прижени риблји кугли или dim sum.
Нејзините неделни трошоци дополнително покажуваат колку тамошниот живот може да биде пристапен, но и квалитетен. За превоз, во главно користејќи ја популарна апликација Grab, се трошат околу 25 евра месечно.
За слободните ативности како излетите, играњето pikbal или badminton се издвојуваат помеѓу 30 и 35 евра, додека за неделни спа третмани требаат уште околу 25 евра.
Кога ќе се собере сѐ, Кејси живее живот за кој многумина во Европа можат само да сонуваат, а нејзиниот единствен приход доаѓа од содржината која ја објавува на социјалните мрежи. Со тоа се покажува дека дигиталниот номадски живот во Виетнам не е само возможен, туку и доста исплатлив.
Нејзиното искуство не е изолиран случај, веќе потврда за она што статистиките го покажуваат со години. Според истражувањето на „Expat Insider“, Виетнам веќе пет години по ред е прогласен за најповолната земја на светот за животот на странци.
Дури 86 % од иселениците кои живеат во Виетнам наведуваат дека всушност пристапноста и ниските трошоци се најголема предност на земјата. Тоа не е изненадување ако предвид се земе дека животот таму, според некои процени, е и до 59 % поефтин отколку во Велика Британија.
Виетнам поради тоа станал магнет за дигиталните номади, пензионерите и сите оние кои бараат подобар баланс помеѓу работата, трошоците и слободното време.
Ако планирате патување, подеталните водичи за трошоците на живот во Виетнам покажуваат дека буџетот може да се прилагоди на речиси секој џеб.
Поскромните патници, т.н. „бекпекери“, можат да поминат со дневен буџет од 25 до 40 долари. Во тој износ влегува сместувањето во хостел, кое чини помеѓу пет и 15 долари по ноќевање, три оброци од уличните тезги за помалку од 10 долари, како и локален превоз и влезници за основните туристички атракции.
Патниците кои сакаат нешто поголемо ниво на удобност можат да очекуваат дневни трошоци помеѓу 50 и 80 долари, што го вклучува претстојот во пријатни хотели од средна клаа, оброци во ресторани и повремено возење со такси.
Изнајмувањето на популарниот скутер чини севкупно од четири од шест долари дневно, додека влезниците за поголемиот дел од музеите и храмовите ретко надминуваат 10 долари.
Hoi An, сликовит крајбрежен град, дури е прогласен за најефтин туристички град на светот, што дополнително потврдува дека Виетнам нуди неверојатна вредност за пари без компромис кога е во прашање искуството и квалитетот на живот.

