Постапка за заштита и остварување на права кај работодавачот – Лекција по трудово право
РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО
Почитувани,
Во новата година секој понеделник продолжувам со оваа рубрика со цел дискусија на важни теми кои отвараат дилеми во областа на трудот и социјалното право.
Денешна тема на денот: Постапка за заштита и остварување на права кај работодавачот во контекст на членот 181 од Законот за работните односи
Секој вработен има право да бара и да оствари заштита на неговите права од работен однос. Заштитата на правата најнапред се остварува кај работодавачот. Ова е задолжителн дел од постапката (став 1 и2, член 181)!
ПОГРЕШНО Е веднаш да се бара судска заштита на правата од работен однос. Судот во тој случај задолжително ќе ја отфрли тужбата заради формални недостатоци! Од ова правило ИСКЛУЧОК СЕ единствено ПАРИЧНИТЕ побарувања! Согласно ставот 6 од членот 181, истите МОЖЕ да се остваруваат непосредно пред надлежен суд.
ПОГРЕШЕН Е ставот на Врховниот суд (2020), кој дава мислење дека заштитата на паричните побарувања од работен однос треба да се остваруваат најнапред пред работодавачот, со писмен поднесок – барање, а потоа да се бара заштита пред надлежен суд.
ПОТРЕБНО Е судовите да внимаваат дали најнапред правата се заштитени кај работодавачот во законските рокови, а потоа да се побара судска заштита, ОСВЕН за паричните побарувања, кои може ДИРЕКТНО да се остваруваат пред надлежен суд, без поведување на постапка за остварување на правото кај работодавачот!
Проф. д-р Лазар Јовевски
РУБРИКА ЗА ТРУДОВО И СОЦИЈАЛНО ПРАВО

