Постапка за одјавување од работен однос
Постапка за одјавување од работен однос
Одјавувањето од работен однос по правило го врши работодавачот со поднесување на потребната документација до центарот за вработување во местото каде е извршено пријавувањето на работниот однос. Одјавувањето од работен однос во приватниот сектор може да се врши и по електронски пат, но само доколку и пријавувањето е направено по електронски пат.
Одјавувањето од работен однос го врши работодавачот во рок од 8 дена од денот на престанокот на работниот однос, односно на овластено лице му се дава овластување да одјави одреден список на лица и електронскиот образец М1/М2 испечатен од системот.
Во овластувањето се наведува:
– назив, седиште, адреса, единствен даночен број и единствен матичен број на работодавачот од каде се врши одјавувањето од задолжително социјално осигурување;
– име, презиме и ЕМБГ на лицето кое се овластува да ја изврши одјавата на лицата содржани во списокот;
– името, презимето и ЕМБГ на лицата кои се одјавуваат од работен однос;
број и датум на одлуката/решението и датум на одјавувањето од работен однос.
Доколку работодавачот по престанокот на работниот однос, во рок од осум дена од денот на престанокот на работниот однос, не го одјави работникот од задолжително социјално осигурување, Законот за работни односи предвидува дека одјава на работникот може да се изврши по барање на работникот врз основа на претходно доставен записник од инспекторот на трудот до Агенцијата за вработување на Република Македонија.
Тимот на Јуридика

