Светот на работникот

По овие пет карактеристики можете да процените што е лош работодавач

Најголемата одлука која ја носи една компанија е кого ќе именува за менаџер на истата. 

Доколку сакате да ги задржите добрите работници, морате да имате силни менаџери. Не се сите заинтересирани за водечката улога, особено не луѓето кои покажуваат склоност кон нарцисоиозам. 

Добрите менаџери се ориентирани кон луѓето и знаат што треба да се направи за да се извлече најдоброто од нив. 

Но, како што пишува Бизнис Инсајдер, лидерството се демонстрира низ компетентност, а не низ ставот, самодовербата… Потребни се способности и вештини. 

„Кога именувате погрешен менаџер, ништо не ја поправа таа лоша одлука“, пишува во текстот. Понатаму, познато е одамна дека луѓето ги напуштаат менаџерите, а не компаниите. Значи, овие работи укажуваат дека поединечни луѓе не умеат да водат тим:

1. Менаџери кои се грижат само за себе

Овие менаџери не се грижат за исполнување на мисијата на компанијата и усогласувањето на целите на тимот со целите на организацијата. Се работи за нивниот индивидуален учинок и добиање на годишниот бонус. Менаџерите со таков став играаат за име и се грижат само за сопствените достигнувања и за тоа како изгледаат како надредени. 

2. Нарцисоидни тенеденции

Овој менаџер често го омаловажува работењето на членовите на тимот и дури може и да исмејува колеги на состаноци. Кога нешто ќе му затреба од вас, може да стане закана. Во својот најголем занес, ќе ве натера да се сомневате во себе и во тоа што го работите за компанијата. 

3. Третирање на луѓето како бројки

Во структурите на моќ одзгора кон надолу, вработените се сметаат за предмети или трошоци, а не сопственост: има мала грижа за нивната среќа и благосостојба со оглед на тоа дека мотивите за нивното вработување биле исклучително продуктивноста и профитот. Ретко кој од нив гледа на вработените како на човечки суштества. како резултат на тоа, ќе наидете на високо ниво на стрес, флуктуација, изостанување и согорување, пренесува Biznis Telegraf.