По 34 години се гаси позната компанија: 17,000 работници остануваат без работа
Американската нискобуџетна авиокомпанија Spirit Airlines престана со работа откако по втор пат влегла во стечај, а потоа започнала уредно гасење на работењето.
Компанијата соопштила дека сите летови се откажани, корисничката поддршка е угасена, а на патниците им е порачано да не доаѓаат на аеродромите. На патниците кои веќе купиле билети ќе им бидат вратени парите, додека им е препорачано патувањата да ги организираат преку други авио – превозници.
Spirit Airlines веќе подолго време бил во сериозни финансиски проблеми, а ситуацијата дополнително се влошила поради наглиот раст на цените на авионско гориво по геополитичките тензии во светот. Како осми по големина авио-превозник во САД, компанијата се обидела да обезбеди финансиска помош, но во тоа не успеала.
Според наводите на медиумите, ова е прва голема американска авио – компанија која пропаднала поради финансиските проблеми во последните 25 години.
Гасењето на Spirit Airlines ќе остави 17,000 луѓе без работа, вклучувајќи околу 14,000 директно вработени, како и голем број на соработници и работници во поврзаните сектори.
Во своето последно соопштение, компанијата истакнала дека е горда на својот придонес кон развојот на модели на евтини летови во текот на 34 годишното работење, но дека била принудена на гаснење.
Експертите предупредуваат дека исчезнувањето на еден голем нискобуџетен превозник би можел да доведе до раст на цените на авио-билтетите на американскиот пазар и намалување на конкуренцијата меѓу авио-компаниите.
Извор: Telegraf Biznis/Poslovni

