Вести

Превземање на работници од еден на друг работодавач

Превземање на работници од еден на друг работодавач
Кога кај работодавачот ќе настанат одредени статусни промени сите права, обврски и одговорности од договорот за вработување на работникот преминуваат на новиот работодавач. Правата на работникот, новиот работодавач е должен да ги обезбеди најмалку за 1 година, односно до истекот на договорот за вработување или колективниот договор којшто го обврзувал претходниот работодавач.
Ако поради промена на работодавачот од објективни причини се влошат правата од договорот за вработување и работникот е приморан да се откаже истиот, тој има еднакви права, како да го откажал договорот за вработување од деловни причини. При одредувањето на отказниот рок и правото на отпремнина се зема предвид работниот стаж кај двајцата работодавачи.
Важно е да се знае дека претходниот и новиот работодавач на работникот солидарно му се одговорни во обештетувањето за сите побарувања, настанати заради отказот. Ако работодавачот времено ја пренесе врз основа на правна зделка (закуп, наем) целосната или дел од дејноста на друг работодавач, преминуваат работниците по престанувањето на важноста на правната зделка назад кон првиот работодавач или кон новиот работодавач – преземач на дејноста.
Тимот на Јуридика