Предизборен популизам: Заев ги наградува вработените по министерствата со по 9000 денари
Со наближувањето на изборите владата на Зоран Заев почна со „поткуп“ на своите најверни гласачи, вработените во министерствата.
На седницата на владата од 5 август е донесена одлука за еднократна награда на вработените во министерствата. Овој додаток изнесува 30 проценти од основната плата или околу 9.000 денари.
Пари ќе добијат министерството за одбрана, МВР, правда, министерство на политички систем, МНР, финансии, економија, земјоделство, образование, труд и социјала, локална самоуправа и култура.
Заев се одлучува на ваков потег откако стана јасно дека нема што да понуди на локалните избори, нема проекти и таков случај посегнувањето по државната каса е најлогичната одлука што може да ја донесат.

