Работа во смени и работно време
Работа во смени и работно време
Работодавачот е тој кој го организира работниот процес и може да ја органзиира работата во смени. Работа во смени значи секој метод на организирање на работата во смени во која работниците се сменуваат едноподруго на исто работно место во согласност со одреден план и кое може да биде континуирано или со прекини, вклучувајќи ја потребата за работниците да работат во различно време во даден период на денови или недели.
Планот за работата во смени, работодавачот треба да го достави и до синдикалната организација кај работодавачот, доколку има таква, и тоа најмалку 10 работни дена пред почетокот на примена на истиот.
Работодавачот исто така го утврдува и распоредот на работното време. Кога станува збор за работа во областа на сообраќајот и врските, прометот на стоки, здравството, социјалната и детската заштита, образованието и во другите јавни установи, комуналните дејности, угостителството, туризмот и занаетчиството, распоредот на работното време се утврдува со посебна одлука на органот на државната управа од соодветната област.
Тимот на Јуридика

