ПравдаСветот на работникот

Работниците оставени на милост и немилост на пратениците…

На новинарско прашање за тоа што предлог законот за финансиска помош во петтиот сет мерки, не е ставен  на Комисија во Собранието, Вицепремиерот Фатмир Битиќи рече дека пред петнаесет дена Владата ова законско решние го доставила до Собранието, но е сеуште ставено на собраниска Комисија.

„Извршната власт може до одреден сегмент да направи притисок. Пратениците и пратеничките групи одлучуваат кога ќе направат кворум за да се стави предлогот на Комисија“, рече Битиќи кој учествуваше на работна средба заедно со Министерот за финансии Фатмир Бесими и Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, како и претставници на компании. 

Истакна дека кога го направиле законското решение за исплата на плати, поучени од негативните искуства, напрвивме финансиската поддршка за февруари, компаниите да можат да аплицираат во целиот период од март.

„Тоа значи дека нема да има законски наложено дека мора да аплицираат до десетти март за да добијат финансиска поддршка. Поради тоа чекавме. И денеска да влезе предлог законот во Комисија и во наредните десет дена да се изгласа, компаниите ќе можат навремено да аплицираат“, рече Битиќи.

Тој посочи дека може да падне одреден товар врз компаниите за да ги исплатат субвенциите коишто ги земале, а Владата да ги субвенционира за да им врати одредени приходи. Вели сметале оти тоа е најдбра опција, за да се покрие и месец февруари.

Тој порача дека треба што е можно побрзо да се донесе ова законско решение и изрази надеж дека пратениците ќе ги тргнат на страна своите дневнополитички цели.

Посочи дека донесените одлуки од страна на Владата не можат да се сменат, бидејќи тоа е цената на демократијата.   

Од Владата истакнаа дека со мерката за исплата на плати, за која е потребно да се донесе законското решение во Собранието, ќе се зачуваат 60,000 работни места, но со оглед на тоа дека законското решние сеуште не е ставено на комисија и неизесно е кога ќе се донесе, овие 60,000 работници би можеле да ги изгубат своите работни места. 

Бобан Илијевски