МакедонијаСиндикат

САДУ: Потпишувањето на колективните договори претставува значаен исчекор кон подобрување на статусот на вработените

Фејсбук статус на Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство на Македонија (САДУ):

Потпишувањето на колективните договори за вработените во администрацијата претставуваат значаен исчекор кон подобрување на статусот, сигурноста и условите за работа на вработените. Истовремено, тие носат и конкретни придобивки – подобро уредени права, дополнителни надоместоци, заштита од вознемирување и унапредени мерки за безбедност и здравје при работа.

Институции во кои се потпишаа колективни договори:

📌Државен архив

📌Министерство за односи меѓу заедниците

📌Министерство за спорт

📌Министерство за правда

🌟 А, дел од институциите за прв пат потпишуваат колективни договори, што претставува историски момент и јасен показател дека преку социјален дијалог се унапредуваат правата на работниците.

✨ Со договорите се обезбедува етапно зголемување на платите, кое ќе се реализира во следниот период:

👉🏻 7% зголемување од 1 март 2026 година

👉🏻 дополнителни 7% од 1 март 2027 година

👉🏻 дополнителни 7% од 1 март 2028 година