Се ближи крајниот рок за исплата на К-15 – На почетокот на 2026 ќе знаеме колку работници не зеле
Крајот на годината, односно 31 декември е последниот ден за исплата на регрес за годишен одмор (К-15). Работниците треба да добијат најмалку 40 % од просечната плата. Најмалиот износ којшто треба да го земат е 17,150 денари.
Сепак, досегашната пракса покажува дека вработените во приватниот сектор, односно дел од нив, се соочуваат со тешкотии кога се работи за исплата на К-15. Тоа го покажуваат и податоците на Државниот инспекторат за труд.
Имено, на почетокот на годината, порталот Работник објави дека најголемите дел од поднесените претставки до ДИТ се однесуваат токму на неисплатен К-15.

