МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Синдикатот на Клинички утре на средба со новиот министер за здравство за покачување на платите

По владината реконструкција, Синдикатот на Клинички конечно утре ќе седне на маса со новиот Министер за здравство Фатмир Меџити за да побара потпис за зголемување на платите договарани од лани со претходните челници на здравство, Беким Сали и Владимир Рендевски. Средбата е закажана за во 15 часот, а од Синдикатот на Клинички очекуваат час поскоро да се завршат административните работи и здравствените работници да имаат за 2.000 и 3.000 денари повисоки примања, во спротивно протестите може да продолжат.

-Како исход очекуваме да се потпише она што веќе е договорено, што три ипол месеци макотрпно го договаравме со Министерството за здравство, претходниот Министер и со ФЗО. Договорени се и анексите и коефицинстите, 3.000 денари бруто за медицинските сестри, а по 2.000 денари за сите останати, вклучително помошниот персонал, технички персонал, администрација и доктори. Очекувам во најбрз рок да се потпише ова, беше ветено со февруарската плата во март, а сега сме март, треба работата да се заврши што побрзо, затоа што членството е максимално, на ивица на нерви,вели Предраг Серафимоски- Потпретседател на Синдикатот на Клинички центар.

Но, од Синдикатот имаат и други барања. Се противат на предлог-законот за систем на плати, со кој тврдат дека се крати правото на синдикално здружување.

-Во феудално општество не било така. Никаде во Европа и во светот нема таков феномен како што е овој нацрт закон. Дефинитивно се брише колективното договарање, а тоа ќе доведе до самоукинување на синдикатите.Која е целта на Синдикатите, за канти сирење, кобасици и месо да делиме. Синдикално договарање е тоа, колективно договарање за плати.-вели Предраг Серафимоски- Потпретседател на Синдикатот на Клинички центар.

Новиот Министер за здравство Фатмир Меџити не сака да говори јавно додека не се запонае со новинарите на брифинг закажан за неделава. Неговиот претходник Беким Сали, а и Владимир Рендевски за Канал 5 велат дека волја за потпишување на договорот имале, ама поради реконструкцијата на Владата немале време да ги завршат работите до крај.

Инаку процедурата за потпис на Министерот за здравство вклучува да се добие позитивно мислење од Министерството за финансии, по што Владата ќе го задолжи Меџити да стави параф на документот, по што новите плати ќе можат да се прокнижат за следниот месец.

Извор: Канал5