МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Синдикат на работници од шумарството: Голема благодарност до вработените во ЈП Национални Шуми за вложените напори во гасењето на пожарите

Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на Република Северна Македонија изразува огромна благодарност до вработените и членовите на Синдикатот во ЈП Национални Шуми за изворедните напори што беа правени во спречувањето на огнената стихија. Изразуваме посебна благодарност и до пожарникарите од Австрија, Бугарија, Словенија, Романија, припадниците на АРМ, МВР и на сите други институции Централни и Локални и посебно на месното население кои несебично се вклучија ризикувајќи и ги сопствените животи во гаснењето на овие пожари. И во оваа природна катастрофа ова го покажа и го потврди значењето на ЈП Национални Шуми и дејностите кој ги врши, значењето и потребата на вработените во овој систем кои од потребата од дополнително вложување во материјалните ресурси но и од зголемување на платите НС врбаотенте и нивна редовна исплата како и соодветна трансформација и зачувување на работните места и унапредување на човечкиот и материјалниот потенцијал. И оваа природна катастрофа само ги потврди  оправдание барања на Синдикатот за шумарство доставени од до Владата на Република Северна Македонија и ресорните министерства и потребата од нивното најскоро решавање..