ЕкономијаМакедонијаНовости

Следната недела ќе почне исплатата на субвенции за тутун

   Време за читање помалку од минута

Собранието вчера ги усвои предлог-измените на Законот за земјоделство и рурален развој, информира Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Тој посочи дека се отстранети пречките за исплата на субвенциите за тутунарите за оваа година.

–Она што е важно да знаат тутунопроизводителите, е тоа дека Платежната Агенција веќе ги има преземено сите мерки и уште од следната недела ќе започне исплатата на субвенциите. Дека тутунарите се важни за СДСМ покажува и фактот што во петтиот пакет мерки обезбедивме дополнителни 307 милиони денари, односно пет милиони евра за поддршка на тутунопроизводителите. Тутунарите да бидат спокојни, субвенциите за тутун ќе бидат исплатени навремено, посочи Талески.