МакедонијаСиндикат

СОНК даде отчет за своето финансиско работење

Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:

Надзорните одбори на Советот на СОНК и Синдикалниот фонд ги разгледаа и усвоија финансиското работење на сметките на Советот и фондот.

Двата надзорни одбори констатираа домаќинско работење, средствата се користени наменски и се покриени со соодветна документација.

Управниот одбор и Собранието на фондот работеа и по приговорите доставени до нив, како и на проширување на правата и основите на членовите на Синдикалниот фонд.

Во наредниот период се очекува синдикалните организации и Регионалните одбори на СОНК да дадат отчет пред своите членови за нивното финансиско работење.