СОНК доби поддршка и од американскиот Solidarity Center за Генералниот штрајк
Фејсбук статус на Јаким Неделков, Претседател на СОНК:
Претседателот на СОНК оствари средба со Steven McCloud, програмски директор на Solidarity Center од Америка. Беше разговарано за тековните активности на СОНК и причините за штрајкот, за што СОНК доби силна поддршка. Претставникот на Solidarity Center e убеден дека барањата на СОНК се издржани и дека Владата ќе постапи така како што е најисправно, во интерес на сите засегнати страни од овој штрајк.

