МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СОНК: На средбата со Министерката Царовска беше договорено да се направи анализа за вработувања на наставници

   Време за читање 2 минути

На работната средба која се одржала вчера помеѓу Министерката за образование и наука Мила Царовска и раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, освен што се разговорало за почетокот на учебната година со сите предизвици и недостатоци, во услови на пандемија, се разговорало и по однос на барањата на СОНК кои се однесуваат на одрредени прашања во сите сфери на образованието и тоа: 

  • по однос на прашањето или поточно проблемот на поделбата на паралелките, согласно протоколите за работа во основното образование и поделбата на учениците, онаму каде што се изведува настава со физичко присуство, при што ќе се зголеми обемот на работата на наставниците, беше договорено секоја општина да направи анализа и да изнајде решение со вработувања на наставници за итни и неодложни работи или да се изврши обештетување согласно Законот за работни односи и Општиот колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија.
  • по однос на доставените Барања од страна на СОНК, во кои се вградени сите горливи прашања во сите сфери на образованието, генерално беше постигнат договор да се формираат работни групи и да се отпочне со преговори по сите отворени прашања од барањата.
  • како едно од најитните и приоритетни прашања,за што се согласија и двете страни, беше отпочнување на преговори за изготвување на колективен договор за високо образование и наука и беше договорено, во најкус можен рок , да се формира работна група и да се отпочне со изготвување на колективниот договор, во кој што, како основица за пресметка на платите би била минималната плата на ниво на држава.

СОНК и во овој случај, сака да го охрабри и убеди своето членство, дека само преку искрен и коректен социјален дијалог на сите нивоа, секако отпочнувајќи на ниво на работодавач – установа, на ниво на локална самоуправа – општина и на централно ниво, може да се дојде до постигнување на договор, односно решавање на проблемите, велат од СОНК.