СПМ: Вонредна и „убава“ вест за полициските службеници
Фејсбук статус на Синдикатот на полицијата во Македонија:
Вонредна и “убава” ВЕСТ 
Конечно по изминување на извесен период “пристигнати” се новите комплети на униформа за припадниците на Македонската полиција 


Од вчера започнато е со распределба на нови патики од типот „NIKE„ модел „Air Max„ и истите веднаш се распределени на сите припадници на униформираната полиција , па така сега припадниците на Македонската полиција ќе имаат можност своите службени обврски да ги извршуваат опремени со еден од најсовремените светски брендови. НЕКА Е НА ЗДРАВЈЕ 

Како што дознаваме официјалната ПРОСЛАВА по овој повод е во завршна фаза каде на самата се повикани целиот државен врв во Република Македонија, амбасадори како и претседатели на држави, ЕУ, НАТО…
Во најкус временски период се очекува промена на Правилникот за носење на службена униформа , со што се отвара можност униформираната македонска полиција наскоро да биде опремена со нови „NIKE„ капчиња ,нови „NIKE„ поло мајци и слично 


Создаваме ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА што значи дека автоматски имаме БЕЗБЕДНИ ГРАЃАНИ ….



****
******
********
********
******
*****.
За жал оваа не е точно, и имајќи ја во предвид состојбата во која што денеска се наоѓа македонскиот полицаец е ЖАЛНО и ТРАГИЧНО !

Македонскиот полицаец , како никогаш до сега е соочен со недостиг на делови од униформа и опрема , а во одредени случаи и со недостиг на комплет униформа , па истите се приморани своите работни задачи да ги извршуваат снаоѓајќи се по принципот „кој како знае и може„ односно од лични средства кои што и онака се сведени на просечниот минималец , се купуваат обувки и делови од гардероба кои што можат да се носат како во приватниот живот така и на работа како дел од службена униформа , или пак со лични средства по приватни шнајдери се шијат делови од униформа или цел копмплет на униформа .



ЖАЛНО и ТРАГИЧНО е како денсека изгледа македонскиот полицаец , кој што претставува лице и огледало на државата во јавноста и во светот 

Вака Господине Спасовски имате СЕ, само НЕ ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА 



