СПМ: Горди сме на храброста и посветеноста на припадниците на ЕБР
Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија
Горди сме на храброста и посветеноста на припадниците на Единицата за Брзо Распоредување – ЕБР!
Додека јавноста најчесто ги гледа хеликоптерите или специјалната опрема, помалку се знае дека зад секој успешен обид за справување со природни катастрофи- пожари стојат луѓе со срце, знаење и искуство.
Припадниците на ЕБР, деноноќно, со своите специјализирани возила и тимска координација, несебично се борат со огнените стихии, таму каде што е најопасно и најнепредвидливо.
Вашата пожртвуваност, вашата борба и вашата сила се гордост за Македонија!
Не секогаш ќе бидете спомнати во соопштенија, но секогаш сте во срцето на народот.
Продолжете храбро – ние знаеме кој секогаш е таму кога е најпотребно!
ЕБР – СЕКОГАШ, СЕКАДЕ НА ПРВА ЛИНИЈА!