СПМ Куманово одржа Синдикален пикник
Фејсбук статус на СПМ Куманово:
Денес, во организација на Синдикалната организација на СПМ при СВР Куманово, во Меморијалниот центар АСНОМ – Пелинце, се одржа значајна синдикална манифестација СИНДИКАЛЕН ПИКНИК под мотото:
„За едно знаме, една храброст, едно другарство!“
Настанот беше збогатен со присуството и активното учество на:
Претседателот на СПМ, г. Орце Коцевски,
Претседателот на КСС, г. Благоја Ралповски,
Началникот на СВР Куманово, г. Никица Петрушевски
Генералниот секретар на Синдикат на Српската полиција – ССП, г. Дарко Оцокољиќ,
Претседателот на ССП Врање – г. Зоран Стојчиќ, претставник на братскиот синдикат од Република Србија,
Претставник на ССП Алексинац, Србија – г.Небојша Поповиќ,
Долгогодишниот адвокат на СПМ, г. Владимир Михајловски,
Претставници и членови на СПМ од СВР Куманово, ПО Старо Нагоричане, ПО Матејче, ПС за ГП и ГН Белановце, ОВР Крива Паланка, ОВР Кратово, ПС за ГП и ГН Табановце, ПС за ГН Сопот, ПС за ГН Пелинце, како и поранешни членови на СПМ – денес пензионери.
Во рамките на манифестацијата, Претседателот на СПМ, г. Орце Коцевски, му врачи плакета на Претседателот на СО при СВР Куманово Фросина Стојчевска како признание за нејзиниот придонес во развојот и унапредувањето на целите и програмата на Синдикат на полиција во Македонија. Беа поделени и неколку плакети на присутните заради посебен придонес во развојот и унапредувањето на СПМ.
Особена чест и благодарност беше оддадена и на заменик-командирот на ПС за БПС, г. Далибор Димковски, за неговата долгогодишна професионална служба и придонес, непосредно пред неговото заминување во пензија.
Оваа манифестација претставува многу повеќе од обичен собир – таа е симбол на сила, единство и верност кон професијата и татковината.
Уверени сме дека ќе прерасне во традиција која ќе ја зацврсти солидарноста, другарството и колегијалноста, претворајќи се во патоказ и инспирација за сите полициски службеници во Република Македонија.
Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ

