МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: Зголемување за 2806 ден? МАЛО СУТРА!

Зголемување за 2806 ден? МАЛО СУТРА❗️

Под мотото “Додека ти се спремаш за пикник, колегите од Велес, Тетово, Неготино идат да се борат за твоите права!?”, овој таканаречен сојуз ССМ на 1- ви Мај годинава одржа “холивудско спреман”протест за “божем” поголеми плати. Барањата им беа едноставни, со некоја фраза “Еве ние ќе бидеме фер, бидејќи само кукате дека нема пари па ќе предложиме линеарно зголемување на платите од 2806 денари од хигиеничар до претседател и К 15.”
Еве вчера и ребалансот помина, и кредитот е земен и што се случи⁉️
Освен што ги поткопаа и уништија и во институциите и пред јавноста, нашите напори и труд за покачување на платите во МВР, ја саботираа целата работа на КСС, од тој 1- ви Мај ги нема за живи да известат барем што се случува со нивните барања?!?!
ЌЕ ИМА ЛИ ЗУРЛИ И ТАПАНИ за овој “историски договор” и МОНТИРАН ХОЛИВУДСКИ “социјален дијалог⁉️
Е па ете што се случува, пари за покачување нема! Пари за К 15 нема!!!
ДА, МАЛО СУТРА поголеми плати и К15®️
За што протестиравте? Што баравте на улица? Каде ви е тој фамозниот потпретседател Кицка кого го наградивте со уште една функција во Советот на Европски полициски синдикати? Тоа ли ви е синдикална работа, да лажете и манипулирате со работникот? Со полицаецот? Господа од ССМ, објаснивте многу добро што е Основна плата, е па ајде по тие ваши објаснувања пресметајте и вие, бидејќи МПС и Министерот не сакаат, Колку е основната плата на полицаец и дали е точно дека истата во моментов изнесува 15.200 денари.
Па добро бе, до кога со лаги, до кога со полтронства, до кога против работникот, до кога со послушност и во корист на работодавците? И доста веќе се вадите на некаков социјален дијалог кога резултатот на тој ваш начин на дијалог е уништен работник?
Ако не сте способни вие, има кој знае и сака да работи и кој е секогаш на страната на работниците!!!
АЈДЕ ПОВТОРНО:
КАДЕ Е ПОКАЧУВАЊЕТО ОД 2806 ДЕНАРИ⁉️
КАДЕ Е К15 ЗА ЦЕЛ ЈАВЕН СЕКТОР, ОСОБЕНО ЗА МВР⁉️
А дали воопшто ви е гајле за тие “7.500 храбри работници” кои ги извадовте на протест, а не добија ништо⁉️
Алал да ви е на ѓонот што го носите наместо лице, бидејќи само така можете да се појавите пред работникот после се ова!!!