Стелантис затвори 10.000 работни места во Италија
Автомобилската компанија Стелантис во последните четири години затвори речиси 10.000 работни места во Италија, соопшти синдикатот Фиом-ЧГИЛ.
Синдикатот на производители на автомобили посочува дека производството на возила, вклучувајќи комбиња и мали камиони, е повеќе од преполовено од 2004 година, пренесе Ројтерс.
Стелантис опфаќа неколку италијански брендови – Фиат, Ланча и Алфа Ромео, кои значително го намалија своето работење во последните години, додека корпорацијата се соочуваше со глобални предизвици, како што се трката за електрификација на возилата и конкуренцијата од Кина.
Бројот на вработени во компанијата во Италија на крајот од 2024 година изнесувал 27.632, што е намалување од 37.288 во 2020 година. Во истиот период, производството на возила опаднало од околу еден милион единици на помалку од 480.000, наведува синдикатот.
Сепак, од компанијата најавуваат оживување на производството со хибридна верзија на градскиот автомобил Фиат 500, кој на пазарот треба да се појави подоцна годинава.
Извор: b92.net
- Стелантис затвори 10.000 работни места во Италија - 01/10/2025
- Пензионерскиот синдикат го честита Меѓународниот ден на постари лица - 01/10/2025
- Ексон Мобил отпушта 2.000 работници низ светот - 01/10/2025