Стресот кај слоновите ќе се лекува со марихуана
Невообичаена одлука на зоолошката градина во Варшава, зоолошката градина ќе ги третира стресот и вознемиреноста кај слоновите со медицинска марихуана
Зоолошката градина во Варшава објави дека ќе започне да им дава медицинска марихуана на слоновите, како дел од пилот-проектот што ќе тестира како тоа влијае на стресот и вознемиреноста што ја чувствуваат.
Медицинската марихуана веќе се користи во некои делови на светот за лекување на кучиња и коњи, но ова е прв пат некој да се обиде да им го даде на слоновите, рекоа ветеринарите кои го спроведуваат проектот, пишува Гардијан.
Тие истакнаа дека ќе се обидат да најдат нова природна алтернатива на веќе постојните методи за борба против стресот.
Стадо слонови во таа зоолошка градина неодамна остана без алфа женка, а нивото на стрес кај слоновите се мери со набудување на нивните хормони, како и нивното однесување.
Извор: telegraf.rs

