МакедонијаПравдаСветот на работникот

Текстилна фабрика во Свети Николе привремено затворена поради заразени работници од Ковид – 19.

Текстилната фабрика „Мода“ во Свети Николе привремено ќе престане да работи, а 830 – те работнички во фабриката ќе бидат тестирани на коронавирус.

Од новите 29 случаи регистирани во овој град, 19 биле заразени во текстилната фабрика „Мода“, за којашто и претходно се зборуваше дека има заразени.

Одлуката за привремено затворање, раководството на фабриката ја донело по зголемениот број на заразени и по препорака на Министерството за здравство и Општинскиот кризен штаб.