(Фото) Вработените во ЈСП немаат функционален тоалет
Од анонимен извор од ЈСП, порталот Работник дознава дека вработените во ЈСП користат само две кабини од женскиот тоалет, поради тоа што машкиот е затворен.
Според нашиот извор, ова не само што е непријатно, туку и ги зголемува шансите за зараза од разни болести.
Анонимниот извор вели дека од една страна јавното претпријатие се фали со нови автобуси кои се пуштени денеска, а од друга страна не им обезбедува на вработените безбедно да ги извршуваат физиолошките потреби.



