Триангл ги повикува синдикатите ширум светот да покажат дека конфликтите можат да се решаваат и низ социјален дијалог и преговори
Обраќање на Лук Триангл, Генерален секретар на Светската конфедерација на синдикати (ИТУК):
„Во момент кога судирите сè повеќе се разгоруваат, а средствата наменети за потребите на луѓето одат во војна и милитаризација, нашето синдикално движење мора да го крене својот глас за мир, разоружување и човечка безбедност. Глобалното синдикално движење отсекогаш стоело на страната на солидарноста, социјалната правда и правото на сите луѓе да живеат слободно, без насилство и страв.
Оваа година, Неделата на разоружување на Обединетите нации (24–30 октомври 2025) претставува итна можност за заеднички да го искажеме нашето барање: да се запре трката во вооружување, да се намалат воените трошоци и наместо тоа да се инвестира во достоинствена работа, здравство, образование и социјална заштита.
Синдикатите од искуство знаат дека конфликтите можат да се решаваат преку социјален дијалог, преговори и почитување на правата. Тоа се темелите на мирни решенија – и на работното место и во општеството – а не насилството и воените судири. Промовирајќи ја оваа култура на дијалог, нашето движење покажува дека мирот е можен кога владеат правдата и инклузијата.
Глобалното синдикално движење зазема јасен став против војната, насилството и угнетувањето и се залага:
• за мир
• за демократија
• за почитување на меѓународното право
• за работнички и човекови права
• за социјален дијалог и дипломатија.
Ги повикуваме сите членки на ИТУК ширум светот да го изразат и покажат овој принципиелен став на нашето движење преку учество во глобалната недела СИНДИКАТИ ЗА МИР.“

