НовостиПравдаСветот на работникот

(ВИДЕО) Угриновска: Воспитувачите и негувателите работат повеќе од осум часа

   Време за читање 2 минути

75 години, работнo време на воспитувач е 6 часа, последните 20 години на негувателите е седум часа. Тие часови се потполно искористени во работа со деца. Останатите часови секогаш се користат за некои други разновидни активности во разновидни средини и ситуации, вели Роза Угриновска, вработена во градинката „Срничка“ во н. Аердром, Скопје. 

„Во време на пандемија малку сме скратени од тој дел, да комуницираме со родителите директно. Како што си правиме родителски, приредби, прошетки со децата и ред разни активности. Морам да ви напоменам дека со Одлуката на Владата за да пуштат онлајн работа директорите и раководителите, ние сите оние шест месеци не седевме така“, рече Угриновска.

Таа истакна дека отвориле вибер групи со родителите, испраќале активности, постојано биле во контакт и сеуште се во контакт со истите родители и со тие деца. Имало и нејзини колешки кои се охрабриле да направат завршни приредби онлајн, што, како што вели е прекрасно нешто. 

Смета дека сега ако некој мисли дека тие не работат, може слободно да го побие. Истакна дека работат далеку повеќе од осум часа, затоа што сеуште  им функционираат вибер групите, имаат фејбук страни, сеуште се работи електронски и пишан дневник.

Вели дека сеуште имаат групи на деца според протоколот и смета дека се обесправени во овој момент, затоа што никој од нив не ги одбива работните задачи и ниедна од нив не треба да трпи тортура со закана дека ќе добијат казна, директорот ќе биде казнет, затоа што верува дека Трудовиот инспектор некаде погрешил.

„Можеби таа трудова инспекторка денеска е онлајн на работа, јас не знам како. Ние не престанавме да си работиме и работиме повеќе отколку што е одредено“, посочи Угриновска.

Таа рече дека заканите не се директно упатени кон нив, но се рефлектираат на нив. Како што вели, директорите донеле одлука за работа на осум часовно работно време, затоа што таква е одлуката на инспекторатот. Инсепкторката не забележала дека работат осум часа, што според Угриновска, не е точно. Потенцираше дека 6 и 7 часа работат со деца, а останатото време го пополнуваат со активности. 

Текст: Бобан Илијевски

Видео: Горан Андреевски