НовостиСветот на работникот

ФЗОМ вработува Албанци во Гевгелија, Делчево и Берово

   Време за читање 1 минута

Фондот за здравствено осигурување објави оглас за вработување на 13 службеници, чии плати би достигнале до 32.854 денари. Барања за нови административци државната служба има низ Скопје и низ неколку други градови.

Она што паѓа в очи е што под точката „Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 год.“ се бара вработување на Албанец/ка во градови во кои нема албанско население, како Гевгелија, Делчево и Берово. Албанска националност е потребна и за пополнување на местата во Битола, Тетово, Струга и Скопје.

Во условите за вработување во ФЗОМ во Виница и Демир Хисар е наведено апликантот да е Турчин/ка, во Крушево се бара Ром/ка, а во Прилеп Србин/ка.

Македонец/ка е потребен само во Охрид.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Целиот оглас погледнете го тука.