Филипче: Нема нови случаи на коронавирус
Нема новодијагностицирани случаи со коронавирус. Првата пациентка е испишана во сосема добра клиничка состојба. Здравствената состојба на сите 18 пациенти е непроменета, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.
Информираше дека во тек е тестирање на седум лица од кои три од Дебар кои имаат симптоми на грип, двајца пациенти од Штип и двајца на Инфективната клиника кои изминатиот период патувале во Австрија и Германија, пишува Вечер.

