Харвард: Еден или два дена во канцеларија се идеална мера за работниците
Според новата студија, само еден или два дена во канцеларија чинат идеална поставка за хибридна работа, бидејќи им ја овозможуваа посакуваната флексибилност на работниците.
Податоците, добиени на осовна на истражувањето од Бизнис школата на Харвард, се базирани на експеримент спроведен летото 2020 година, каде 130 административни работници без одбирање биле распоредени во една од трите групи, во тек на девет недели.
Некои поминувале помалку од 25 % од своите работни денови во канцеларија, а некои повеќе од 40 % од времето, додека третата група – во средина – по тој принцип работела еден или два дена. Тие, воедно, покажале пооргинална работа од останатите групи, наведува Блумберг.
„Разликта беше значајна“, напишале авторите. Накратко, воспоставено е дека оние кои само едн до два дена неделно одат во канцеларија – уживаат во флексибилноста, а сепак не се толку изолирани во споредба со колегите кои претежно работат од дома, пишува во студијата.
Оваа студија доаѓа во момент кога компанијата како Ејпл, Гугл или Банката на Америка сакаат да ги вратат работниците назад во канцелариите, без јасно чувство за идеална рамнотежа помеѓу работата на далечина и личниот распоред.
Истражувањето чиј коавтор е професор на Универзитетот Стенфорд, Ник Блум, открило дека работодавачите очекуваат дека речиси четвртина од работните денови ќе бидат поминати дома во иднина, но постои „значаен јаз“ помеѓу она што го сакаат шефовите и вработените.
Тоа несогласување јасно го покажало истражувањето објавено минатиот вторник, меѓу 200 виши раководители, кои рекле дека се „првенствено оддалечни од работници во неповолна положба“ и дека „имаат помали можности во споредба со оние кои во главно работат во канцеларија“.
Извор: Telegraf Biznis
Фото: Shutterstock

