Цела плата за вработените кои се во изолација поради Ковид – 19
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК на фејсбук страната го објави известувањето на Фондот за здравствено осигурување – ФЗО за на регулирање на боледувањето на вработени лица заболени од COVID – 19 (Коронавирус) како и вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза.
Во статусот од СОНК ја нагласуваат третата точка од известувањето во која стои:
„Вработените лица кои се во изолација (карантин) заради спречување на зараза бидејќи дошле од ризични земји или биле во контакт со заболено лице но за истите не е потврдено дека се заболени од COVID – 19 (Коронавирус), Избраниот лекар не издава боледување. Осигуреникот е во изолација во домашни услови(карантин), согласно решението од ДСЗИ каде е наведен периодот на самоизолација“

