ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Јовановиќ: Вработените во УЈП имаат со закон загарантирано право на штрајк, државата да го одврзе ќесето

Доколку УЈП престане целосно со работа, а царина ги спушти рампите тоа би значело дека нема да има исплата на плати во цела држава, наплата на придонеси и даноци, прибирање средства во Буџетот по основ на казни и давачи, нема да има наплата на царини. Министерот за финансии тврди, согласно закон не можело да се стопира исплата на плата, но синдикатот и експертите го демантираа – не постои таков закон. Правото на штрајк е загарантирано со устав. Се зависи од УЈП како ќе се одлучат да го спроведат штрајкот . Според експертите последиците ќе бидат неизбежни  и по Буџетот и по целата држава ама на краток рок .

Нема една дефиниција што значи штрајк. Се зависи од тоа што ќе сакаат да работат службениците во УЈП, тоа ќе значи дека ако тие сакаат да прекинат целосно со работа тоа би значело дека нема да има исплата на плати во државата , нема да може да се исплати легално . Ако УЈП сака да направи вистински штрајк, апсолутно може тоа да го направи и тоа е апсолутно легитимно средство , и УЈП се во право , Поентата на штрајкот е да покаже дека не се работите како што треба во државата, да блокирате дел од државата и да го насочат својот револт кон функционерите. , вели Бранимир Јовановиќ економски истражувач и професор.

Владата одбива да ги зголеми платите иако колективниот договор е на сила, што им дава на работниците  легитимно право да покренат тужба. Тоа што Владата не сака да си ги исполни законските обврски е многу поголем ризик и може да има поголеми фискални импликации од самиот штрајк. Според Јовановиќ, пари во Буџетот има, само потребна е политичка волја.

Повеќе на Алфа